Достапни линкови

Камерон ќе му даде безбеден излез на Асад ако побара


Британскиот премиер Дејвид Камерон ќе се согласи да му обезбеди безбеден премин надвор од Сирија на претседателот Башар ал Асад доколку се согласи за прекин на крвопролевањето во земјата. Во интервју за саудискиот медиум Ал Арабија одговарајќи на прашањето што ќе рече доколку Асад побара безбеден излез од државата, Камерон одговорил „ завршена работа, ќе направам се‘ што треба само тој човек да ја напушти Сирија.“ Камерон објасни дека не му нуди излезен план за во Британија на Асад и дека повеќе би сакал Асад да се соочи со меѓународниот суд за правда за делата што ги сторил. Камерон е турнеја во Блискиот исток, а во Саудиска Арабија пристигна во четвртокот.
XS
SM
MD
LG