Достапни линкови

logo-print

БиХ отвара нова истрага за падот на Кингерот


Претседателот Борис Трајковски загина во авионска несреќа во 2004 година.

Претседателот Борис Трајковски загина во авионска несреќа во 2004 година.

Во Босна и Херцеговина се отвора нова истрага за авионската несреќа во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски, врз основа на нови докази за причините за падот на „Кингерот“. Телевизија Алфа јавува дека инфомацијата за новата истрага ја потврдил шефот на комисијата за истражување на воздухопловни несреќи Омер Кулиќ.Решението со кое се отвора нова истрага за неколку дена ќе бие испратено до македонските власти.
Од македонското министерството за транспорт и врски, како надлежно за спроведување истраги за воздухопловни несреќи и МВР велат дека се уште не добиле официјална информација од босанските власти за отворањето нова истрага но додават дека тие побарале да се отвори нова истрага поради нови сознанија за несреќата, јавува новинската агенција МИА.
Вчера адвокатот на семејствата на загинатите од падот на Кингерот, Игњат Панчевски изјави дека поседува сателитска видео снимка на која се гледа како од воениот авион е стрелано со ракета, како е погоден претседателскиот авион и како се урнал.
XS
SM
MD
LG