Достапни линкови

Ставриќ - Не може министерот да е побитен од лекарите


Протест на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје.
Протест на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје.

Министерот за здравство Никола Тодоров рече дека одлуката за штрајк е нелигитимна и е политички мотивирана. За Синдикатот, тоа е знак дека нема волја за преговори.

За Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар прекинот на преговорите од страна на министерот за здравство Никола Тодоров е знак дека нема волја за договор. Тодоров вчера на синдикатот му порача дека одлуката за штрајк е нелигитимна и е политички мотивирана. Министерот им укажа и на фактот дека и доколку штрјакуваат имаат обврска да ги пополнуваат податоците за плаќање по учинок, при што нема да добијат плата.
Ако еден министер е повреден од сите носители на дејноста во јавното здравство во Македонија, тогаш во ред.
д-р Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар.

Претседателот на синдикатот Дејан Ставриќ вели дека нивната цел не е да штрајкуваат, како што тврди Тодоров, туку да ги заштитат нивните права.
Доктор Дејан Ставриќ.
Доктор Дејан Ставриќ.

„Смешно е да се тврди дека овој штрајк има политичка мотивација. Овој штрајк има исклучиво професионална мотивација. Доказ за тоа е што над 95 отсто од лекарите се за овој штрајк, а во тие 95 отсто има припадници на сите партии, на сите вероисповести, вклучително и на владејачката партија“, вели Ставриќ.
Се надевам дека ќе излеземе со некаков договор. Јас често кажувам, компромисот е непопуларна работа, мора да содржи отстапки, ама тоа некогаш е неминовно. Инаку се влегува во ќор-сокак.
Љубиша Каранфиловски, претседател на Синдикатот за здравство.

Претседателот на гранскиот синдикат за здравство Љубиша Каранфиловски вели дека проблемот е што другиот синдикат излегол со нов предлог за покачување на платата, што се покажало како предмет за да се оди на штрајк.

„Некако пред да донесеме некој заеднички договор, ако сме заеднички синдикати за заеднички настап за штрајк, тие предвреме си го најавуваат, еве да изманипулираме со јавноста или со членовите во смисла еве ние сме тие вистинските заштитници, а останатиот синдикат не е. Тие ни изнудија една турбуленција на синдикалната сцена со тој пристап“, вели Каранфиловски.

Ставриќ вели дека не се откажуваат од штрајкот, бидејќи сите лекари го поддржуваат.

„Дури и сега ќе кажам, не е доцна за министерот да се приближи и да прифати тоа што се бара за да нема штрајк, меѓутоа очигледно е дека министерот по вчерашната изјава инсистира на продолжување на спроведувањето на овој модел иако против тоа се потпишани 1350 лекари-специјалисти од Македонија. Ако еден министер е повреден од сите носители на дејноста во јавното здравство во Македонија, тогаш во ред“, вели Ставриќ.

Според Каранфиловски, штрајкот не е решение, особено во време на преговори и тие очекуваат позитивни придвижувања во однос на нивните барања.

„Можеби најголемата тежина ја носиме во овој момент во тој дел. Се надевам дека ќе излеземе со некаков договор. Јас често кажувам, компромисот е непопуларна работа, мора да содржи отстапки, ама тоа некогаш е неминовно. Инаку се влегува во ќор-сокак. Што со тоа, ќе се докажуваме дали штрајкот е успешен или неуспешен и ќе го носиме членството во неповолности“, вели Каранфиловски.

Од самостојниот синдикат велат дека моделот на плаќање по учинок покажал штетни последици, пред сè по пациентите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG