Достапни линкови

Борисов - европско решение за проблемите е предуслов за европскиот пат на Скопје


Бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Барањето европско решение за проблемите е предуслов за европскиот пат на Скопје, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов во интервју за грчкиот весник „Етнос“. Како што пренесува БТА, Борисов вели дека Македонија секогаш го добивала најдоброто разбирање од Бугарија.

Борисов за „Етнос“ потенцира дека Софија вложува големи напори да не коментира се што прави Владата во Скопје. Според него, решавањето на проблемите на европски начин е услов за поддршка на Македонија од страна на Бугарија и нагласува дека е најдобро сите земји од регионот да се членки на НАТО и на ЕУ.

Во коменаторот на „Етонс“ изјавата на Борисов се оценува како посебно важна за Грција и оти „земјата првпат нема да биде сама, а ќе има уште една земја сосед на Македонија, која стравува од националистичките претензии од скопската Влада“, јави БТА.
XS
SM
MD
LG