Достапни линкови

logo-print

Во Грција продолжува дводневниот генерален штрајк


Архивска фотографија- протести против мерките за штедење.

Архивска фотографија- протести против мерките за штедење.

Во Грција продолжува дводневниот генерален штрајк на вработените во приватниот и државниот сектор, во организација на главните грчки синдикати против новите мерки за штедење. Автобускиот и железничкиот транспорт ќе бидат во прекин, а откажани се и многу летови. Владини канцеларии, банки и училишта ќе бидат затворени, а болниците ќе работат само итни случаи.

Штрајкот доаѓа откако владата на премиерот Антонис Самарас повика парламентот да го усвои пакетот мерки тежок 13,5 милијарди евра според кој треба да се намалат трошоците и да се воведат даночни зголемувања. Одобрувањето на реформите и усвојувањето на буџетот за следната година се од суштинско значење за да може Грција да ја добие следната транша од помошта од Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија. Парламентот утре треба да гласа за пакетот мерки за штедење.
XS
SM
MD
LG