Достапни линкови

Политички тензии во Украина


Протест на опозицијата пред канцелариите на изборната комисија во Киев.

Протест на опозицијата пред канцелариите на изборната комисија во Киев.

Политичките тензии во Украина се зголемуваат откако опозицијата почна да притиска за делумно повторно пребројување на гласовите од изборите што се одржаа на 28 октомври. Тие ја обвинуваат државната изборна комисија за измама во корист на владејачката партија на претседателот Виктор Јанукович.

Опозицијата бара повторно пребројување на гласовите во 13 изборни области, а изборната комисија нуди повторување на гласањето во 5 области. Опозицијата ја одби таа понуда со образложение дека сака повторно пребројување, а не прегласување.

Околу 1.500 приврзаници на опозицискиот блок ноќеска протестираа пред канцелариите на изборната комисија во Киев. Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон ги повика украинските власти брзо да ги објават конечните резултати од изборите „кои треба да ја одразуваат вистинската волја на гласачите“.
XS
SM
MD
LG