Достапни линкови

МААЕ - Иран не дава детали за нуклеарните активности


Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукиа Амано.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукиа Амано.

Иран одбива да даде детали за нуклеарните активности, вели шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукиа Амано. Тој ова го соопшти пред генералното собрание на ОН. Амано рече дека разговорите со Иран се интензивирале годинава по извештајот на Агенцијата од ноември минатата година во кој беше наведено дека „има веродостојни информации дека Иран спроведува активности поврзани со развој на нуклеарна експлозивна направа“. Сепак, Амано нагласи дека напорите да се убеди Иран да овозможи повеќе информации за нуклеарната програма не дале конкретни резултати. Техеран тврди дека има мирнодопска нуклеарна програма, но Западот се сомнева дека Иран се обидува да направи атомска бомба.
XS
SM
MD
LG