Достапни линкови

Завршува дводневниот состанок на лидери од Европа и Азија


Пакистанскиот претседател Реза Первез Ашраф зборува на отварањето на состанокот во Лаос, 05 номеври 2012

Во Лаос денеска завршува дводневниот состанок на лидери од Европа и Азија (АСЕМ). На состанокот присуствуваа околу 40 шефови на држави и други функционери. Тие на дводневниот состанок разговарале за зајакнување на трговските врски и за инвестициите. А на агендата високо поставени биле и темите за европската должничка криза, како и за целокупната глобалната економска ситуација. Членките на АСАМ сочинуваат повеќе од половина од светскиот БДП. Групата има 52 партнери во Азија и Европа, вклучувајќи ги и трите нови членки -Бангладеш, Норвешка и Швајцарија.
XS
SM
MD
LG