Достапни линкови

МКГ- извештајот за Авганистан не е политички мотивиран


Aвганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Aвганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Меѓународната кризна група(МКГ) ги отфрли тврдењата дека нивниот неодамнешен извештај за Авганистан бил „политички мотивиран“. Реакцијата доаѓа откако официјален Кабул соопшти дека ја разгледува можноста да преземе акција против МКГ поради извештајот од октомври што беше критички кон авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Портпаролот на претседателот Карзаи, Аимал Фаизи соопшти дека постапките на МКГ се политички мотивирани и оти „нивните проценки на состојбите во земјата немаат кредибилитет“.
Во октомврискиот извештај на МКГ се наведува дека Карзаи е позаинтересиран за останување на власт, отколку за обезбедување долгорочна стабилност на неговата земја. Исто така се наведува дека е можна граѓанска војна во земјата по повлекувањето на странските сили од Авганистан во 2014 година.
XS
SM
MD
LG