Достапни линкови

logo-print

Македонските каратисти освоија 14 медали на ЕП во Италија


Македонските каратисти освоија најмногу медали на 39-то Европско првенство во карате, кое викендов се одржа во Лигнано-Сабиадоро, Италија. Во конкуренција на 16 држави и околу 350 натпреварувачи, 26-члената македонска репрезентација освои 14 медали, од кои 5 златни, 6 сребрени и 3 бронзени.
Најголем успех постигна каратистот Сашко Патраклиев од КК „Македонка“ Штип, кој во категоријата - 84 килограми освои сребрен медал и го предводеше тимот кој екипно освои златен медал. Покрај Патраклиев, од победничката екипа дел беа и каратистите Никола Рилак, Горан Иванов, Мишко Мишев и Христијан Давитковски. Со сребрени медали се закитија и кадетите Јована Георгиева, Бојана Манева и Димитрија Димитровски. Бронза освоија Томе Тодоровски, Стефан Апостоловски и Ангел Гоговски.
XS
SM
MD
LG