Достапни линкови

logo-print

Панчевски: Кингерот беше погоден од воен авион со ракета


Поранешниот претседател Борис Трајковски загина во авионска несреќа

Поранешниот претседател Борис Трајковски загина во авионска несреќа

Адвокатот на семејствата на загинатите од падот на Кингерот, Игњат Панчевски тврди дека поседува сателитска видео снимка на која се гледа како од воениот авион е стрелано со ракета, како е погоден претседателскиот авион и како се урнал, јавуваат македонските медиуми. Тој на прес-конференција изјави дека сакал новите докази да ги презентира во обвинителството, но како што вели, јавниот обвинител одбил да го прими на разговор.
Панчевски додаде дека за новите докази ќе ги извести и ќе Обединетите Нации, а снимките нема да ги објави јавно се додека не пристигнат извештаите од БиХ.
Тој додава дека на видеоматеријалите кои ги снимиле странски тајни служби се гледа како од воен авион е стрелано со ракета, како е погоден претседателскиот авион и како се урнал.
XS
SM
MD
LG