Достапни линкови

logo-print

Грција блокирана од штрајкови


Грција ја започна неделата со штрајкови на вработените во државниот и приватниот сектор поради гласањето во Парламентот за новите економски мерки.
Од денеска штрајкуваат вработените во метрото и трамваите во Атина, како и таксистите. Новинарите од сите грчки медиуми денеска повторно стапија во 24-часовниот штрајк. Болниците работаат со ограничен персонал и со намален капацитет. Авиодиспечерите утре ќе ја прекинат работата на три часа и се очекува нарушувања во авиопревозот. Синдикатите протестираат поради предлог-законот за нови рестриктивни мерки, пред се намалувања на платите и пензиите, како и намалување на бројот на вработени во државните претпријатија.
XS
SM
MD
LG