Достапни линкови

Најмалку 70 луѓе загинале при денешните битки во Сирија


Сириската организација за заштита на човекови права соопшти дека при самоубиствен бомбашки напад загинале околу 50 припадници на сириските безбедносни сили. Во соопштението е наведено дека самоубиец кој е дел од бунтовничка група инспирирана од Ал Каеда ја активирал бомбата во близина на воената пошта. Дел од бунтовниците добиваат поддршка од пакистанска радикална група на борци. Во меѓувреме во Дамаск ве водат жестоки битки при кои по воздушен напад загинале најмалку 20 бунтовници.
XS
SM
MD
LG