Достапни линкови

Тодоров: Со или без штрајк - докторите ќе бидат платени по учинок


Министерот за здравство Никола Тодоров не отстапува од моделот за исплаќање на плата на докторите по учинок. Тој смета дека моделот е соодветен и е во интерес на пациентите и на здравствениот систем.Тодоров изјави дека отпорот на лекарите е само резултат на тоа што со него се нарушува нечиј комодитет. Најавениот штрајк на самостојниот синдикат на Клиничкиот центар Тодоров го оцени како политичка одлука на група луѓе кои сакаат од оваа работа да извлечат политички бенефит.

„Сакаат да направат штрајк и ќе го направат. На 14- ти ноември ќе има штрајк, на 15-ти треба да се вратат на работа. И повторно ќе треба да ги внесуваат податоците во системот за плаќање по успешност, изјави Тодоров.

Тој додаде дека доколку лекарите штрајкуваат подолг временски период во тој случај тие за периодот на штрајк нема да добиваат плата, а ќе им биде уплаќан само придонес на минимална плата.
XS
SM
MD
LG