Достапни линкови

logo-print

СДСМ:Власта најде нов начин за фалсификат на избори


СДСМ денеска обвини дека во одредени општини власта работи на промена на структурата на гласачи со масовно одобрување живеалишта на соодветни адреси и издавање нови лични карти, и оти во овие манипулации учествувале нотари и државни службеници. Секретарот на СДСМ Андреј Петров изјави дека основна цел на оваа операција на власта, би можела да биде „создавање на нови доселени гласачи кои за одредени договорени бенефиции ќе треба да гласаат за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ“.
Тој како доказ за тврдењето на пресконференција приложи документи и фотографии од Ресен според кои на седум луѓе им се издава еден ист стан бесплатно, а потоа со заверените договори, организирано се носат во Подрачната служба на Министерството за правда каде се поднесуваат барања за издавање нови лични карти, со што ќе се создадат предуслови новите гласачи да бидат впишани во Избирачкиот список . Петров смета дека на тие лица за возврат им се ветува здравствено осигурување, социјална помош или друг тип паричен надомест.
XS
SM
MD
LG