Достапни линкови

logo-print

Јанакиевски: За 18 месеци може да се изгуби правото за легализација на дивоградбите


Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и управниот одбор на ЗЕЛС денеска ги повика граѓаните и фирмите побрзо да ја комплетираат документацијата за легализација на дивоградбите односно да достават елаборати во рок од 18 месеци за да не го изгубат правото за легализација со новите измени на законот кои се во собраниска процедура. Тој ги повика и општините што поскоро да постапат по предметите за легализација. Јанакиевски изјави дека еден од проблемите со процесот на легализација е непостапувањето по предметите во општините затоа што од 100 илјади предмети во Македонија само 40 илјади се решени.
Тој додаде дека градоначалниците се обврзале дека сите општини до 1 јануари ќе ги отворат сите предмети и доколку недостига некој документ преку доставување заклучок до граѓаните да ги информираат што немаат доставено.
XS
SM
MD
LG