Достапни линкови

Никому не му е гајле за ИПА


На собраниската дебата посветена на искористеноста на парите од европските фондови не беше присутна вицепремиерката за евроинтеграци, ниту некој од Секретаријатот за европски прашања, како и најголем дел од пратениците од владејачкото мнозинство членови на Советот за евроинтеграции, а во дискусијата не зеде учество ни опозицијата.

Странски експерти на Македонија и кажуваат како подобро да се искористат парите од ИПА фондовите, но кој да ги слуша? На дебата во Собранието во организација на Националниот совет за евроинтеграции во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт и Институтот за европска политика, не беше присутна вицепремиерката за евроинтеграции, ниту некој од Секретаријатот за европски прашања, како и најголем дел од пратениците од владејачкото мнозинство членови на Советот за евроинтеграции, а во дискусијата не зеде учество ни опозицијата.
Во моментов во Словенија, ние сме во една тешка економска состојба, и ова се де факто единствените пари слободни за инвестиции, поради кратењето на јавните трошоци заради обидот да се вратат јавните финансии во време на криза. Имаше големи кратења и на страната на инвестициите, но воопшто не беа сопрени овие проекти кои се кофинансирани со пари од ЕУ, од буџетот на ЕУ.
Мојмир Мрак, експерт за ЕУ од Словенија.

Единствено претставниците на граѓанскиот сектор и експертите во областа на ЕУ беа тие кои посочија на проблемите со кои се соочува земјата при искористувањето на парите од ЕУ. И наместо дебата за парите од европските фондови, почетокот се претвори во процедурално препукување на релација власт-опозиција за тој кој дошол, кој не дошол и зошто не се подобро искоординирани.

Експерти од Словенија и Словачка говореа за нивните искуства и советуваа за тоа како земјава да искористи што повеќе од парите кои ни се на располагање.

Мојмир Мрак од Словенија порача добро да се програмираат парите и да не се трошат за било што, тука за нешто за кое нема да добиеме пари од друго место. Тој додава дека ако во 2003-та пред Словенија да стане членка на ЕУ, тие користеле по 20 евра по жител од парите од ИПА, потоа по 150, за сега да користат по 600 евра по жител од парите од ИПА.
Едно од најважните прашања е доброто владеење. Кога државата користи фондови од ЕУ сè мора да биде транспарентно, исто така и процедурата на носење одлуки мора да биде таква и тоа е корисно.
Мартин Валентович, експерт за ЕУ од Словачка.

„Во моментов во Словенија, ние сме во една тешка економска состојба, и ова се де факто единствените пари слободни за инвестиции, поради кратењето на јавните трошоци заради обидот да се вратат во ред јавните финансии во време на криза. Имаше големи кратења и на страната на инвестициите, но воопшто не беа сопрени овие проекти кои се кофинансирани со пари од ЕУ, од буџетот на ЕУ.“

Гостинот од Словачка Мартин Валентович рече дека тие имале проблем при користењето, како корупција, погрешно трошење и лошо користење, а за едно такво лошо користење биле и казнети, односно една година им биле замрзнати парите.

„Едно од најважните прашања е доброто владеење. Кога државата користи фондови од ЕУ сè мора да биде транспарентно, исто така и процедурата на носење одлуки мора да биде таква и тоа е корисно. Не е многу важно за која област се работи, зашто мислам дека во повеќето области или сектори поддржани од ЕУ има добри и лоши проекти. Затоа најважна е процедурата.“

Сектор кој добил најмногу средства од ИПА 2007-2011 е полицијата. На има не реформи во полицијата, Македонија има испрограмирано, не потрошено, 23, 35 милиони евра. Се прашувам до каде ни се на нас реформите во секторот полиција?
Фани Каранфиловска Пановска, Институт Отворено општество.
Претставниците од македонските институти и невладини организации посочија на тоа дека парите од ИПА не се доволно искористени, има проблем со административниот капацитет, има проблеми со поставувањето на приоритетите и со програмирањето.

Фани Каранфиловска Пановска од Институт Отворено општество вели дека нивните истражувања покажале дека од една страна не се искористуваат парите, од друга страна пак и тие што се користа не дале никакви ефекти.

„Сектор кој добил најмногу средства од ИПА 2007-2011 е полицијата. На има не реформи во полицијата, Македонија има испрограмирано, не потрошено, 23, 35 милиони евра. Се прашувам до каде ни се на нас реформите во секторот полиција? Ако земат предвид дека огромен дел од државниот буџет одат на секторот полиција, прашалникот станува уште поголем.“

На второ место по користење на пари се за реформи во јавната администрација, судството, децентрализацијата и царината. А за сите сектори освен за царината Македонија со години добива забелешки во извештаите, вели Каранфиловска Пановска.

Претседателката на Националниот совет за евроинтеграции Радмила Шеќеринска вели дека парите кои Македонија нема да ги искористи од ИПА фондовите ќе се вратат во Брисел и за тоа ЕК нема многу да се потресе, но дека македонските институциите се тие кои треба да бидат загрижени.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG