Достапни линкови

Ќе се отвори истрага за смртта на Јасер Арафат


Западни и палестиски дипломатски извори потврдија дека ќе биде спроведена ексхумација на телото на палестинскиот претседател Јасер Арафат на 26- ти ноември со цел повторно отпочнување на истрага за причините за смртта на претседателот. Новинските агенции повикувајќи се на анонимни западни дипломатски извори пренесуваат дека швајцарски форенизичарски тимови во соработка со француски истражни тимови ќе ја спроведат истрагата. Причината за истрагата е сомневањето дека претседателотАрафат бил убиен со труење, а како доказ за сомневањето е пронајдената трага од полониум, смртоносен радиоактивен изотоп на облеката на Арафат, истражување кое било спроведено во швајцарска лабараторија. Арафат почина на 11 ноември 2004, а неговата смрт повторно ќе биде истражена откако ќе биде ексхумирано неговото тело.
XS
SM
MD
LG