Достапни линкови

Непознат напаѓач испукал ќорци пред кабинетот на Ердоган


Турските медиуми јавуваат дека полицијата привела лице кое испукало ќорци во близина на канцеларијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган во Анкара.
Очевидци велат дека слушнале три истрели во близина на влезот на канцеларијата. Инцидентоте се случил пред почетокот на состанокот на министерите со Ердоган во неговиот кабинет. Се уште нема информации за тоа дали има повредени за време на инцидентот.
XS
SM
MD
LG