Достапни линкови

Попоски: Зголемена комуникација со Бугарија за поголема доверба


Зголемена комуникација на министерско или кое било друго политичко ниво може само да го зголеми нивото на доверба меѓу Македонија и Бугарија, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски коментирајќи ја изјавата на неговиот бугарски колега Николај Младенов. Претходно Младенов изјави дека за добрососедски односи се потребни дела а не зборови и побара промена на учебниците по историја во Македонија. Попоски изјави дека историјата треба да им се остави на историчарите. Попоски денеска беше на средба со почесните конзули на странски земји во Скопје со кои разговарале за подобрување на соработката меѓу нивните земји и Македонија.
XS
SM
MD
LG