Достапни линкови

Грчкиот новинар за „Гардиан“ објасни за Лагердовата листа


Грчкиот новинар Костас Ваксеванис, кој беше обвинет за објавувањето Лагардовата листа, смета дека колку повеќе закони има една земја, толку е покумпирана, така што во Грција корупцијата се чуствува безбедна. Тој во својот текст што го напиша за британскиот весник „Гардијан“ ги објасни и причините зошто го објавил списокот со имиња на Грци кои имаат сметки во швајцарска банка.
Тој во текстот вели дека во Грција една затворена група на луѓе вршат беззаконие а подоцна гласаат закони во парламентот со кои незаконските акти ги претвараат за законски за да сокријат што направиле. Новинарот додава дека грчките власти две години го имале списокот но ниту еднаш не покренале истрага за мниту еден од тие 2 илјади Грци за даночни малверзации.
XS
SM
MD
LG