Достапни линкови

logo-print

Протести во Киев поради изборите


Околу 2 илјади Украинци денеска излегоа на протести во Киев пред зградата на државната изборна комисија. Демонстрантите тврдат дека на изборите кои се оддржаа на 28 октомври е направен фалсификат. Лидерот на опозициската коалиција Арсени Јанучек пред демонстрантите изјави дека партијата на претседателот Виктор Јанукович победи со фалсификување на изборите.
Опозицијата се закани дека ќе го бојкотира парламентот и дека нема да го признае новиот состав доколку власта веднаш не преземе мерки за справување со проблемот. Државната изборна комисија се уште не излегла во јавноста да ги соопшти конечните резултати за изборите, туку само прелиминарните.
XS
SM
MD
LG