Достапни линкови

Лаос ќе изгради џиновска брана од 3,8 милијарди долари


Реката Меконг

Реката Меконг

Лаос соопшти дека неделава ќе започне со изградба на брана на реката Меконг која ќе чини 3,8 милијарди долари. Градежните работи досега беа пролонгирани за 18 месеци откако се појави загриженост за влијанието на изградбата на браната врз животната средина. Реката поминува низ 4 држави- Виетнам, Лаос, Камбоџа и Тајланд. Реката ја користат за системи за наводнување и за рибарење. Лаос како една од најсиромашните земји во светот се надева дека со изградбата на браната ќе може да заработи повеќе пари од продавање на електрична енергија на соседните држави. Тајланд веќе се согласи да ја купува електрична енергија која ќе се произведе од браната во Лаос, но Камбоџа и Виетнам стравуваат дека браната ќе влијае негативно врз животната средина а со тоа и врз рибарството.
XS
SM
MD
LG