Достапни линкови

logo-print

Граѓаните ја плаќаат цената за меѓупартискиот пазар


Лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски.

Лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски.

Кризата меѓу владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сè повеќе ја оддалечува Македонија од европскиот пат, велат дел од аналитичарите.

Иако е јасно дека во една политичка коалиција не може сè да биде во согласност на сите страни, аналитичарите апелираат коалиционите партии ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги надминат недоразбирањата околу спорниот предлог-закон за бранители. Амандманската борба на ДУИ е легитимна, но со добра организација и политичка волја, новонастанатата ситуација може да се надмине многу брзо, сугерира професор Тања Каракамишева од Правниот факултет во Скопје.
Мислам дека многу брзо може да се надмине таа работа, зашто сум сигурна дека голем дел од нив апсолутно немаат квалитет и содржина на вистински амандмани, туку се само еден вид техничко преместување на зборови или игра со зборови, така што може многу брзо да се надмине целиов овој проблем. Јас ги повикувам двете политички партии да седнат и да најдат решение.

„Мислам дека многу брзо може да се надмине таа работа, зашто сум сигурна дека голем дел од нив апсолутно немаат квалитет и содржина на вистински амандмани, туку се само еден вид техничко преместување на зборови или игра со зборови, така што може многу брзо да се надмине целиов овој проблем. Јас ги повикувам двете политички партии да седнат и да најдат решение“, вели Каракамишева.
Пратеникот Талат Џафери од ДУИ.

Пратеникот Талат Џафери од ДУИ.


Според професор Арсим Синани, пак, двете партии играат игра во која граѓаните се изгубени. Сè додека политичките субјекти не се свесни како да нè извлечат од внатрепартиските нервози и небулози, Македонија сè повеќе се оддалечува од европскиот пат, вели тој.

„Јас мислам дека оваа фактура ја плаќаат граѓаните на Република Македонија. Ако двата коалициони партнери не се договараат за некои работи, јас не знам зошто тогаш функционира таа влада.“
Јас мислам дека оваа фактура ја плаќаат граѓаните на Република Македонија. Ако двата коалициони партнери не се договараат за некои работи, јас не знам зошто тогаш функционира таа влада.

За аналитичарите останува недоволно јасно која е позадината на борбата што двата коалициони партнери ја водат.

„Дали е тоа одолговлекување на целата постапка околу законот, дали е тоа некоја посуштинска неусогласеност на политичките партии во коалицијата, дали е тоа потреба да се покаже дека институциите се нефункционални па да се оди на предвремени избори, тоа навистина можеме само да нагаѓаме“, вели Каракамишева.

Токму законот за бранители е црвената линија низ која нема да поминат интегративците, вели Синани. На прашањето дали доколку не се најде заеднички компромис околу законот за кој ниту една од страните не сака да попушти, владината коалиција би се распаднала, Синани вели:

„Владата е распадната од кога се состави. ДУИ седи, изгледа дека меѓународната заедница го остава да остане во владата и не сакаат да имаме некои нови политички збиднувања во Македонија, бидејќи еве, ние со оваа владеење имаме избори на секои две години.“

ДУИ вчера повтори дека ќе ги искористи сите механизми во собранието за да го спречи донесувањето на законот за бранители. Нивното однесување го нарекоа принципиелно. Од партијата информираа дека нема напредок во надминување на несогласувањата околу законот и дека и покрај контактите меѓу лидерите на двете партии, разликите остануваат.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG