Достапни линкови

Израел: Нетанјаху се судирил со војската околу Иран


Меир Даган и Бенјамин Нетанјаху

Меир Даган и Бенјамин Нетанјаху

Во документарец на израелската телевизија се наведува дека премиерот Нетанјаху и министерот за одбрана Ехуд Барак во 2010 дале наредба за подготовки за напад врз иранските нуклеарни капацитети.
Тоа го довеле во прашаање тогашниот шеф на армијата Габи Ешкенази и првиот човек на тајната служба Мосад, Меир Даган.
Ашкенази сметал дека самото подигнување на нивото на готовност може да доведе до излегување на ситуацијата од контрола.
Сега пензионираниот Даган, пак ги обвини Нетанјаху и Барак дека сакале илегално без одобрение на целиот кабинет да го нападнат Иран.
Ехуд Барак и Бенјамин Нетанјаху неодамна изјавија дека напад врз Иран не е неизбежен.
XS
SM
MD
LG