Достапни линкови

logo-print

Тачи: Косово ќе биде признато од Србија


Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека платформата на Владата за разговорите со Србија е Уставот, резолуцијата на Парламентот за нормализирање на односите меѓу двете земји и декларацијата за независноста на Косово.
За преговорите со Србија, Тачи рече дека е многу важно што е постигнат широк политички консензус меѓу партиите и постои голема поддршка од САД и ЕУ за овие разговори.
„Овој процес ќе заврши со интеграција на Косово во ЕУ и НАТО, но и со признавање на државата од страна на Србија“, порача косовскиот премиер.
XS
SM
MD
LG