Достапни линкови

Македонија преку победа во Португалија поблиску до Данска


Македонски навивачи на минатото ЕП во ракомет во Ниш.

Македонски навивачи на минатото ЕП во ракомет во Ниш.

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Еспињо, Португалија го игра натпреварот од 2.коло од квалификациите за Европското првенство што 2014 година ќе се одржи во Данска. Победа над Португалија на денешниот натпревар во Еспињо ширум ќе ги отвори вратите за учество на новото големо натпреварување. Македонската репрезентацијата во првото коло во средата во Скопје, ја совладаа Швајцарија со 30:24.
XS
SM
MD
LG