Достапни линкови

Сириските бунтовници освоија нафтено поле


Сириската организација за заштита на човекови права со седиште во Лондон соопшти дека сириските бунтовници го заземаа под контрола големото нафтено поле кое се наоѓа во источниот дел на земјата. Бунтовниците и владините безбедносни сили три дена воделе жестоките битки за превласт во Деир ер Зоур. По 19 месеци битки ова е прв ваков пробив на бунтовничките сили. Станува збор за област која се наоѓа во близина на границата со Ирак, која меѓу другото содржи и најголеми енергетски ресурси.
Сирија извезуваше 15 илјади барели нафта пред ЕУ и САД да воспостават санкции против Дамаск поради режимот на Башар Ал Асад. Во 2010 година Сирија заработи 4,4 милијади долари само со продажбата која ја остварила во ЕУ.
XS
SM
MD
LG