Достапни линкови

Монти: Италија нема да го напушти Авганистан


.

.

Италијанскиот премиер Марио Монти денеска при посетата на Кабул изјави дека Италија нема да го напушти Авганистан иако до крајот на 2014 година војниците ќе се повлечат целосно.Тој додаде дека тоа ќе биде година на промени, а не на прекин на соработка, затоа Авганистан и натаму ќе ја има италијанската поддршка. Монти изрази надеж дека претседателските избори кои се закажани за 2014 година ќе придонесат за дополнителен демократски развој на земјата.
XS
SM
MD
LG