Достапни линкови

Иран ќе тестира ново беспилотно летало


Иранските медиуми јавуваат дека војската денеска ќе го тестира новото беспилотно летало произведено во Техеран. Медиумите повикувајќи се на изјава на висок функционер во армијата, најавуваат дека леталото кое е технолошки напредно и полетува вертикално ќе биде јавно презентирано догодина. Во октомври Израел урна едно беспилотно летало кое беше проиведено во Иран а во сопственост на проиранската либанска милитанна група Хезболах. Техеран тврди дека нивните беспилотни летала неколку пати го прелетале воздушниот простор над Израел додека пак израелската воздухопловна служба го негира тоа.
XS
SM
MD
LG