Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ напразно критикува


На негативната оценка на опозициската СДСМ која смета дека догодина ќе се зголеми буџетскиот дефицит и дека нема да има подобрување на македонската економија реагираше владеачката партија ВМРО- ДПМНЕ. Во нивната писмена реакција е наведено дека кога СДСМ е во опозиција само критикува и дава популистички предлози, но кога се на власт економијата тоне, а корупцијата владее. Во продолжение на соопштението е наведено дека во буџетот се предвидени рекордни 388 милиони евра за капитални инвестиции, потоа приоритет во инфраструктурата за догодина е доградба на Коридорот 10 и изградба на пругата на Коридорот 8 и започнување на проектот гасификација на Македонија.
XS
SM
MD
LG