Достапни линкови

logo-print

Клинтон: Вашингтон ја поддржува Црна Гора


Американскиот државниот секретар Хилари Клинтон смета дека Црна Гора е пример за стабилноста и позитивниот напредок: Таа и порача на Подгорица дека може да смета на поддршката на Вашингтон во интеграциските процеси.
Во соопштението од владата е наведено дека Клинтон во телефонскиот разговор со премиерот Игор Лукшиќ изрази жалење што не била во можност во текот на престојот во земјите во регионот да ја посети Црна Гора и лично да ги пренесе впечатоците за позитивните демократски и економски движења во таа држава. Во продолжение се вели дека Клинтон го охрабрува натамошното спроведување на реформи неопходни за остварување на евроатланските интеграциски стремежи на Црна Гора.
XS
SM
MD
LG