Достапни линкови

logo-print

Дачиќ: Дијалогот не е за отварање канцеларии во Белград и Приштина


Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека во продолжувањето на дијалогот на Белград со Приштина, нема да се разговара за отварање на канцеларии за врска, за косовска во Белград и обратно српска во Приштина, туку за офицери за врска кои би требало да го реализираат договореното при дијалогот. Косовскиот претседател на валдина седница во Приштина изјави дека на следниот состанок со Дачиќ кој ќе се оддржи на 7-ми ноември ќе разговараат за отварање на канцеларии за врска. Дачиќ изјави дека следниот состанок не е од клучно значење, и главна тема за разговор ќе биде спроведување на договорите кои веќе се потпишани и прашањето за верско и културно наследство.
XS
SM
MD
LG