Достапни линкови

Хрватска жали за руската гасоводна мрежа


Хрватскиот претседателот Иво Јосиповиќ изјави вчера дека одлуката на руската компанија „Гаспром“ трасата на гасоводот „Јужен тек“ да ја заобиколи Хрватска е лоша вест и резултат на долгогодишната несистематска политика во стопанството. Тој додаде дека со таа одлука Хрватска многу губи, односно губи гас кој директно би го добивала и стотини милиони евра за транзит.
Ваквата изјава на Јосиповиќ следи откако потпретседателот на „Гаспром“ Алексадар Медведев изјави дека можноста еден крак од гасоводната мрежа да минува низ Хрватска целосно е отфрлена, а одлуката за изградба низ Унгарија е конечна. Минатата недела Медведев потпиша договорот со Унгарија и Србија, за почеток на изградбата на гасоводната мрежа.
XS
SM
MD
LG