Достапни линкови

logo-print

Владата го усвои Предлог-буџетот за наредната година


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески

Македонската влада синоќа на седница го усвои Предлог-буџетот за 2013 година. Во Предлог-буџетот вкупните приходи се предвидени на 147 милијарди и 957 милиони денари додека вкупните расходи на 165 милијарди 652 милиони денари со тоа што буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 отсто од Бруто домашниот производ. Буџетот за 2013 е проектиран на прогноза на 2 отсто раст на БДП, инфлација од 3,5 отсто и бруто инвестиции од 6 отсто.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави денеска дека Предлог-буџетот е испланиран реално и претставува соодветен одговор на европската криза и случувањата во евро зоната.
XS
SM
MD
LG