Достапни линкови

Есенските дождови го поплавуваат Охрид


Поплава во Охрид.

Поплава во Охрид.

Делови од Охрид се соочуваат со поплави при секои пообилни врнежи од дожд. Така беше и деновиве кога делови од зградите во населбата Даљан се поплавија, а во вода пливаше и главниот булевар Туристичка.

​Обилните врнежи од дожд што деновиве го зафатија Охрид направија проблеми најногу за дел од жителите во населбата Даљан. Подрумите и гаражите во неколку станбени објекти пливаа во вода, а жителите се пожалија дека речиси целата зимница што ја приготвиле им се уништила. Велат дека при секои поголеми врнежи од дожд се соочуваат со истиот проблем повеќе од 20 години.

Секогаш го имаме истиот проблем кога ќе заврни, веќе 20 години и повеќе од тоа. Ние се поплавуваме. За жал, ова не е прв пат да ни се случува. Среќа што не е олуен дожд инаку сите ќе не однеси.
„Секогаш го имаме истиот проблем кога ќе заврни, веќе 20 години и повеќе од тоа. Ние се поплавуваме. За жал, ова не е прв пат да ни се случува. Среќа што не е олуен дожд инаку сите ќе не однеси“, вели жител на Даљан.
Посебно во овие есенски периоди, кога имаме обилни врнежи, а во исто време паѓаат и лисјата, се јавуваат запушувања на системот за одведување на атмосферските води.

„Често пати имаме проблем со поплавите. Никому не му е гајле. Нам не бараат овде кога ќе имаат избори, после не им требаме сè до наредните локални или парламентарни избори“, вели друг жител.

Директорот на Јавното претпријатие Нискоградба, Владо Цветковски, од каде се надлежни за одржување на атмосферската канализација во градот, вели дека постојано се на терен, и оти работат на одржување на системот за одведување на отпадни урбани води.

„Посебно во овие есенски периоди, кога имаме обилни врнежи, а во исто време паѓаат и лисјата, се јавуваат запушувања на системот за одведување на атмосферските води. Тоа е проследено со поголема количина на врнежи, а во исто време лисјата се влеваат во сливниците, во шахтите и го спречуваат одведувањето на атмосферските води. Тоа ни е секојдневно“, вели директорот на ЈП Нискоградба, Владо Цветкоски.

Надлежните ја лоцираат причината за појава на поплави и по главниот булевар Туристичка и на други места во недоизградената атмосферската канализација и во не решавањето на ова прашање во минатото.

„Луѓето, барајќи спас, ги приклучуваат олуците и сливниците во фекалната канализациона мрежа, а со тоа дополнително си прават проблеми бидејќи фекалната мрежа е димензионирана исклучиво за одведување на отпадни води од домаќинствата, не се димензионирани за атмосферски отпадни води, така што при обилни врнежи, посебно при кратки или подолги невремиња може и фекалната мрежа да не функционира“, рече Цветкоски.

Надлежните охридски институции велат дека веќе работат на решавање на овој проблем во неколку охридски населби.
XS
SM
MD
LG