Достапни линкови

Иванов телефонски разговарал со Клинтон


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов имал телефонски разговор со државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, на нејзино барање. Кабинетот на претседателот соопшти дека Клинтон истаканала дека партнерството со Македонија е многу значајно и изразила благодарност за придонесот кој земјата го дава во ИСАФ.
Двајцата соговорници размениле мислења и информации за состојбите во регионот на ЈИЕ. Иванов нагласил дека само брзата евроатлантска интеграција на сите земји од регионот може да донесе трајна стабилност, безбедност и просперитет.
Клинтон пак му соопштила дека САД се подготвени да помогнат во изнаоѓање на решение за проблемот со името.
XS
SM
MD
LG