Достапни линкови

Пад на акциите и покрај позитивните сигнали за вработувањето во САД


Акциите на глобално ниво и цената на суровата нафта забележаа пад и покрај податоците дека вработувањето во САД во Октомври ги надмина очекувањата.
Од друга страна вредноста на доларот се искачи на повеќе-од-шест месечен рекорд во однос на јенот и три неделен наспроти еврото. Имено се наведува дека и покрај позитивните податоци за вработеноста во САД другите податоци испраќаат мешани сигнали.
Претходно беше соопштено дека во САД во октомври се отворени 171 илјада нови работни места. Тоа е поголем пораст отколку во претходните два месеца и повеќе од што аналитичарите предвидуваа.
Стапката на невработеност сепак се зголеми за 0,1 проценти односно на на 7,9 отсто од септември, бидејќи повеќе Американци започнаа да бараат работа.
Овие резултати ги подобруваат шансите за ре-избор на претседателот Барак Обама.
XS
SM
MD
LG