Достапни линкови

Белорусија - закопани остатоци на 110 наполеонови војници


Францускиот амбасадор во Белорусија Мишел Раинери присуствуваше на погребот на 110 Наполеонови војници кои загинаа во големите борби против руската армија. Десетици илјади француски војници загинаа во ноември 1812 година кога Русите ја нападнаа армијата на францускиот император Наполеон Бонапарта, кај реката Березина при повлекувањето од Москва.
Остатоците беа пронајдени од страна на единица на белоруската армија.
Денеска остатоците беа закопани на гробиштата во селото Студенка на 100 километри источно од главниот град Минск..
XS
SM
MD
LG