Достапни линкови

logo-print

САД - отворени 171.000 работни места во октомври


Во САД во октомври се отворени 171 илјада нови работни места. Тоа е поголем пораст отколку во претходните два месеца и повеќе од колку што аналитичарите предвидуваа.
Стапката на невработеност сепак, се зголеми за 0,1 проценти, односно на 7,9 отсто од септември, бидејќи повеќе Американци започнаа да бараат работа.
Владата на САД како невработени само оние кои се во потрага по работа.
Овие резултати ги подобруваа шансите за ре-избор на претседателот Барак Обама на изборите во вторник следната недела.
Сепак, Обама се соочува со највисока стапка на невработеност од било кој актуелен од времето на претседателот Френклин Делано Рузвелт.
Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни изјави дека благо зголемување на стапката на невработеност е тажен потсетник дека економијата е во виртуелен застој.
XS
SM
MD
LG