Достапни линкови

Писмо на Попоски до Младенов


министерот за надворешни работи Никола Попоски

министерот за надворешни работи Никола Попоски

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски му испратил писмо на неговиот бугарски колега Николај Младенов во кое во пет точки се посочува, како што се наведува, визијата за европски патоказ. Меѓу нив се наведува дека историјата е за историчарите на кои треба да им се даде можност да соработуваат и да се гради искрена и принципиелна добрососдеска политика врз заеднички вредности. Николај Младенов деновиве изјави дека „Бугарија ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија, но не по секоја цена“. Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, како што јавуваат новинските агенции пак, му рекол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе дека Македонија не била подготвена за почеток на преговoрите за членство. Претходно премиерот Бојко Борисов ја обвини Македонија за крадење на дел од бугарската историја.
XS
SM
MD
LG