Достапни линкови

Во Македонија наскоро плаќање преку мобилен


вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески

вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески

Македонските граѓани до крајот на оваа година ќе можат одредени услуги да ги плаќаат преку мобилен телефон, интернет или кабелски провајдер. Ова е предвидено во измените на Законот за платен промет што денеска ги објави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој оцени дека тоа ќе придонесе за зголемена конкуренција во платниот промет и за намалување на провизиите. Според измените, ваквите плаќања ќе бидат ограничени за поединечен износ до 1.000 денари, а вкупно во текот на месецот 6.000 денари. Ставревски додаде дека подготовките за буџетот за следната година биле во завршна фаза и оти очекува тој да се движи во рамки на буџетот за годинава.
XS
SM
MD
LG