Достапни линкови

logo-print

Медведев: членките на Пуси Рајот не треба да се во затвор


Рускиот премиер Дмитри Медведев, 02.10.2012.

Рускиот премиер Дмитри Медведев, 02.10.2012.

Рускиот премиер Дмитри Медведев денеска оцени дека двете членки на панк групата „Пуси Рајот“, осудени на две години затвор поради молитва против претседателот Владимир Путин, не би требало да бидат затворени. „Да бев судија не би ги осудил на затворска казна. Сметам дека не е праведно да бидат лишени од слобода. Тие доволно време минаа во затвор“ изјави Медведев. Од трите членки на групата, една е ослободена, додека другите две се испратени на принудна работа во логори во близина на Москва.
XS
SM
MD
LG