Достапни линкови

Меморандумските преписки не водат кон сериозни разговори


Министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Димитрис Аврамопулос и Никола Попоски.

Министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Димитрис Аврамопулос и Никола Попоски.

Има чекор направен од Грција и вашата Влада мора да одговори сега. Грција е наша земја членка и ние се надеваме дека вашата Влада ќе одговори на овој предлог, вели евроамбасадорот Аиво Орав.

Иако одредени медиуми објавија дека Македонија веќе го испратила одговорот на предлог-меморандумот за разбирање од Грција, од македонското МНР денеска соопштија дека одговоророт набрзо ќе биде пратен. Премиерот Никола Груевски деновиве изјави дека одговорот ќе биде јавно објавен, исто како што тоа претходно го направи грчката страна. Во меѓувреме и евроамбасадорот Аиво Орав ја повика Македонија да одговори на меморандумот што е можно побрзо.
Има чекор направен од Грција и вашата Влада мора да одговори сега. Грција е наша земја членка и ние се надеваме дека вашата Влада ќе одговори на овој предлог. Предлози како тој бараат време за да се разгледаат колку што е можно повеќе.

„Има чекор направен од Грција и вашата Влада мора да одговори сега. Грција е наша земја членка и ние се надеваме дека вашата Влада ќе одговори на овој предлог. Предлози како тој бараат време за да се разгледаат колку што е можно повеќе“, порачува евроамабасадорот Орав.
Премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи Никола Попоски ја пуштија во употреба новата зграда на Министерството за надворешни работи.

Премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорге Иванов и министерот за надворешни работи Никола Попоски ја пуштија во употреба новата зграда на Министерството за надворешни работи.


Дека одговорот на меморандумот е веќе подготвен, а формално ќе биде испратен многу скоро, потврди и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Како што вчера најави, во одговорот ќе се бара неселективно почитување на сите обврски преземени од минатото и целосна посветеност на дијалогот.

„Секогаш сме ги испочитувале нашите обврски, проактивно сме постапувале по секоја обврска, вклучително и кон отворениот дијалог кој сакаме да го имаме со сите наши соседи, вклучително и со Република Грција.“
Нашата страна ќе направи исто што направи и грчката страна, имено сите оние работи што ни одат во прилог на нашата политика, вклучувајќи ја пред се Хашката пресудата ќе бидат ставени на нашата хартија, ќе биде обелоденето тоа и ќе биде доставено на Грција. Тоа не е работа на сериозни преговори, туку повеќе на некакво позиционирање на двете политики кои подолго време не можат да најдат излез од оваа цела ситуација.

Аналитичарите велат дека начинот на којшто Грција настапи објавувајќи го меморандумот зборува за воинствени односи меѓу двете земји. Таквиот начин на билатерална преписка не влева надеж дека двете земји соработуваат, туку се конфронтираат, вели универзитетскиот професор Денко Малески.

„Нашата страна ќе направи исто што направи и грчката страна, имено сите оние работи што ни одат во прилог на нашата политика, вклучувајќи ја пред сè Хашката пресудата ќе бидат ставени на нашата хартија, ќе биде обелоденето тоа и ќе биде доставено на Грција. Тоа не е работа на сериозни преговори, туку повеќе на некакво позиционирање на двете политики кои подолго време не можат да најдат излез од оваа цела ситуација.“

Професор Малески не прогнозира дали и како ќе одговори Грција на нашиот одговор. Од тоа ќе зависи како понатаму ќе се развиваат односите меѓу двете земји и дали тоа ќе ги забрза или забави преговорите со посредство на Обединетите нации.

„Останува да се види, но практично со објавувањето на мемораднумот на Грција и сега со објавувањето на нашите ставови кои ќе бидат спротивни на грчките, тука ми се чини запира повторно дебатата.“

Во јавноста се појавија информации дека за содржината на одговорот на меморандумот била информирана и Европската комисија, а во него биле повторени македонските иницијативи за билатерална соработка, повикувајќи се меѓудругото на привремената спогодба и на пресудата на меѓународниот суд во Хаг.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG