Достапни линкови

logo-print

Амандманите за Законот за бранители пред Комисијата за труд


Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска треба да почне да ги разгледува амандманите поднесени по Предлог на законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка. Амандмани за законот поднесе ДУИ-15.451 и пратеникот Изет Зеќири.
Уште десет илјади амандмани вчера попладне ДУИ достави до Собранието, но тие не беа примени бидејќи, како што информираат од Собранието, рокот за доставување на амандмани е поминат.
XS
SM
MD
LG