Достапни линкови

21. Генерално собрание на АБНА ЈИЕ во Скопје


Директори и главни уредници на националните информативни агенции од регионот учествуваат на годишното 21. Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански новински агенции - Југоисточна Европа (АБНА-ЈИЕ), што во организација на Македонската информативна агенција - МИА се одржува денеска во Скопјe.На собирот ќе стане збор за соработката меѓу членките, а ќе се избира и нов претседател и генерален секретар на Асоцијацијата. Тема ќе бидат предизвиците и проблемите со кои се соочуваат новинските агенции, особено за непочитувањето на авторските права на вестите и за конкуренцијата од интернет порталите.
XS
SM
MD
LG