Достапни линкови

logo-print

ММФ: Богатите Грци да си го платат данокот


Меѓународниот монетарен фонд порача дека богатите граѓани на Грција треба да го платат својот дел од данокот. Оваа порака стасува во момент кога целата грчка јавност е под „шок“од објавениот список на лица кои затајувале данок во Грција. Портпаролот на ММФ, Гери Рајс изјави дека богатите Грци треба да го поделат товарот на кризата со сиромашните сограѓани. Списокот „Лагард“, наречен според извршната директорка на ММФ, Кристин Лагард која во 2010 година како француска министерка за финансии, на грчките колеги им предала список со над две илјади Грци, кои имаат банкарски сметки во Швајцарија. Во меѓувреме грчкиот новинар Костас Ваксеванис, кој беше уапсен во неделата поради објавување на списокот со имињата на наводните затајувачи на данок и обвинет за нарушување на законот за заштита на лични податоци беше ослободен од обвинувањата.
XS
SM
MD
LG