Достапни линкови

Обама и Ромни продолжија со предизборната кампања


Американскиот претседател Барак Обама денеска во неговото прво појавување како дел од предизборната кампања по ураганот, изјави дека во „бура нема ниту Демократи нуту Републиканци, туку сами пријатели Американци“.
Обама во своето обраќање во Винконсин ги повика гласачите да се обединат зад неговата кампања пред председателските избори на 6-ти ноември. Во изминативе три дена Обама ја остави настрана кампањата со цел да се насочи кон справување со последиците од ураганот Сенди. Неговиот противкандидат Мит Ромни во изминатиов период исто така ги намали предизборните активности посветувајќи се на справување со последиците и собирање пари за загрозените од ураганот.
Според истражувањата на јавното мислење укажуваат на тоа дека изборите на 6-ти ноември ќе бидат неизвесни. Исходот ќе зависи од гласањето во 10 -те таканаречени неутрални држави.
XS
SM
MD
LG