Достапни линкови

logo-print

Русија објави „црна листа“ на веб страници


Русија денеска почна да става одредени интернет страници на црна листа, откако во земјата е изгласан закон за блокирање на веб страници чија содржина може да биде оценета како „опасна“, со што би можело да бидат загроезени и сајтовите на опозициските партии. На владината интернет страна објавен е список со забранети интернет страници.
Во владиното соопштение е наведено дека постапката е во согласност со законот кој беше изгласан во двата дома на парламентот поради заштита на малолетниците од „опасни “ информации и веб страници кои би можеле да создржат порнографија, или инфомации за промовирање на дрога или наведување на самоубиство.
Новинската агенција Франс прес јавува дека со бликирањето на интернет страници се создава страв меѓу граѓаните дека на мета ќе бидат и опоциските страници, затоа што интернет е единственото место во Русија каде што се води вистинска политичка дебата.
XS
SM
MD
LG