Достапни линкови

logo-print

Организираниот криминал и корупција основни проблеми во Косово


Организираниот криминал и корупцијата и натаму се главни проблеми на Косово, а за нивно решавање е потребен заедички дијалог меѓу ЕУЛЕКС, косовските власти и членките на Унијата, изјави портпаролот на мисијата на Европската унија Николас Хотон. Тој додаде дека ЕУЛЕКС не може сама да го сузбие тоа, потребен е заеднички пристап со косовските власти и земјите членки на Унијата.
Во заклучоците од извештајот на Европскиот ревизорски суд, кој е објавен пред два дена, е констатирано дека и покрај големите средства, кои Унијата ги троши на воспоставување на владеењето на правото на Косово, ефектот е минимален поради организираниот криминал, корупцијата и лошото управување со институциите, јавува новинската агенција МИА.
XS
SM
MD
LG